Search

Меѓународни претставници ќе се запознаат со воведениот зелен коридор на ГП на Табановце

На граничниот премин Табановце денеска ќе биде претставен принципот на функционирање на формираните зелени коридори воведени на иницијатива на Царинската управа во вонредни состојби за транспорт на прехранбени продукти и медицинска опрема пред претставници на  меѓународни организации.

Пред претставниците на меѓународните организации ќе се презентира One Stop Shop (контрола со само едно запирање), кој се применува со соседна Република Србија од 26 август 2019 година.

Презентацијата ја организира Царинската управа на Република Северна Македонија која оваa година е претседавач со Поткомитетот за царина и потекло во рамки на ЦЕФТА, а во рамки на активностите на Поткомитетот. На Граничниот премин Табановце ќе присуствуваат високи претставници на меѓународните организации – Емир Ѓикиќ-директор на ЦЕФТА Секретаријатот, Матеј Закоњшек-директор на ЕУ Транспортна заедница и Мајлинда Брегу-генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Треба да знаете
Последни објави