Search

Меѓународен симпозиум за Плевнеш во Париз

По повод излегувањето на книгата „Избрани драми“ од Јордан Плевнеш, со предговор на Жак Лакариер, едно од врвните имиња на француската литература и извадоци од светскиот печат , од познатиот издавач “Le Temps des Cerises”,во големиот аудиториум на Институтот за ориентални јазици и цивилизации, INALCO Paris –Cite-Sorbonne, денеска ќе се одржи меѓународен симпозиум посветен на делото Плевнеш ,„Јордан Плевнеш –Обединител на културите“.

На симпозиумот ќе земат учество триесеттина професори и истражувачи на делото на Плевнеш од повеќе европски и светски универзитети. Уводни излагања за делото на Плевнеш и неговата појава во македонскиот и францускиот културен простор ќе поднесат Жорж Бани, професор од Сорбона и член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите и Влада Урошевиќ, член на МАНУ и Академијата Маларме.

Меѓу значајните имиња кои ќе учествуваат на симпозиумот се: Карен Малпед, критичака на Њујорк Тајмс, Хеди Бурауи од Универзитетот Јорк од Торонто, Канада, Весна Цидилко од Универзитетот Хумболт од Берлин, Терумо Јамазаки од Универзитетот од Токио,како и професори од универзитетит од Русија, Кина, Чешка, Словачка, Полска, Хрватска, Романија, Унгарија итн., кои ќе ги опишат референците на интернационалнито ехо на поетските, драмските и романескните остварувања на Плевнеш, играни и прикажувани на повеќе од 30 светски јазици.

Најбројни на симпозиумот се француските познавачи на делот на Плевнеш, предводени од професорката Фроса Пејоска-Бушро,која воедно ќе биде модератот на настанот. Нивното потесно поле на интерес ќе биде т.н. „Балканска трилогија“ – „Гробница за Борис Давидович“ од Данило Киш, „Казна за Малвина“ од Мирко Ковач, и „Среќата е нова идеја во Европа“ од Ј. Плевнеш, играна во повеќе од 120 театри низ цела Франција.

Од Македонија свои излагања на симпозиумот ќе поднесат Маја Јакимовска-Тошиќ, Директор на Институтот за македонска литература при УКИМ, и Соња Стојменска-Елзесер, Престседател на друштвото на писателите на Македонија.

За време на симпозиумот ќе бидат прикажани извадоци од документарните филмови на Плевнеш посветтени на Никола Бувие, Питер Брук, Клод Лелуш, Ив Бонфуа, Пјер Беарне, Алберт Кан, инсерти од „Портрет на Плевнеш во Театар Молиер“, од Жак Лакариер , како и извадоци од француско-македонскиот долгометражен филм „Тајната книга“,посветен на првата интелектуална револуција во Европа, во режија на Владо Цветановски, за кој пред присутните ќе се обрати Жан-Клод Кариер, главен протагонист во филмот и сценарист на Луис Буњуел и Милош Форман.

Треба да знаете
Последни објави