Search

Меркел и Макрон на средба во Берлин со лидерите од Западен Балкан

Германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон ќе бидат домаќини на денешната средба во Берлин на претставници на Западен Балкан и Европската унија.

Официјален повод за средбата е „неформална размена на идеи” со цел зацврстување соработка во регионот.

Една од главните теми ќе биде дијалогот меѓу Србија и Косово за нормализирање на односите. Од страна на Србија ќе учествува претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Од Косово се поканети претседателот и премиерот.

Германски медиуми објавија дека во Берлин ќе биде „погребана” идејата за промена на границите по етнички принцип и се очекува Германија да предложи специјален статус за северно Косово.

На средбата се поканети да учествуваат и премиерите на Албанија, Еди Рама,на Хрватска,Андреј Пленковиќ, на Северна Македонија,Зоран Заев, на Словенија, Марјан Шарец,претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ,и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Треба да знаете
Последни објави