Search

Меркел: Изборот на Кемерих во Тирингија – лош ден за демократијата

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вчерашниот ден, кога беше избран премиерот на германската покраина Тирингија, со поддршка на крајно-десничарската Алтернатива на Германија (АФД)  и нејзините конзервативци, бил лош ден за демократијата и дека тој избор треба да се поништи.

-Овој настан е непростлив, па резултатот мора да се промени, рече Меркел на прес конференцијата во текот на посетата на Јужна Африка, пренесоа британските медиуми.

Изборот на Томас Кемерих, малку познат член на Либерално-демократската партија (ФДП) во источната покраина Тирингија, беше прв во кој државен премиер победил со поддршка на АФД, со што е прекршен повоениот консензус меѓу големите партии да ја одбегнуваат крајната десница, наведе агенцијата.

Лидерите на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) побара нови избори во Тирингија, пренесуваат американските медиуми.

Анегрет Крамп-Каренбауер, која во 2018 година ја наследи Меркел на чело на ЦДУ, изјави дека локалните одборници на ЦДУ не ја послушале инструкцијата на националното раководство во гласањето за Кемерих.

Треба да знаете
Последни објави