Search

Медиумите до утре да поднесат извештаи за рекламниот простор во изборната кампања

Согласно со Изборниот законик (член 85-а) и Роковникот за Претседателските избори 2019 година најдоцна до утре радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК).

Извештајотот се поднесува до Министерството за финансии, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупција, кои се должни да ги објават на своите интернет страници.

Извештајот се поднесува на образец пропишан од Министерот за финансии.

Од ДИК истакнуваат дека за таа намена утре архивата на ДИК ќе работи до 16 часот. Извештаите по 16 часот може да се испраќаат препорачано по пошта.

Треба да знаете
Последни објави