Search

Медведев: Глобализмот нема да изчезне, но светот веќе нема да биде ист

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека коронавирусот ќе го измени светот засекогаш, но глобализмот нема така едноставно да исчезне.

Тој истакна дека пазарите уште долго време ќе останат речиси затворени и со видливи проблеми, но тоа нема нема да значи дека глобализмот ќе исчезне.

– Глобалниот свет ќе остане таму каде што е, но веќе никогаш нема да биде ист, нагласи Медведев.

Според него, дигиталните технологии и по завршувањето на пандемијата ќе останат водечка индустрија во светот, а транспарентноста ќе биде предуслов светот да го преживее коронавирусот.

– Мораме да ги споделуваме сите информации, научни, практични, какви било. Тоа е единствен услов да преживееме. Ако пандемијата го погодеше светот пред 25 години, кога дигиталните технологии беа на самиот почеток, тогаш светот немаше да има адекватен одговор на неа, додаде Медведев.

Тој оцени дека последиците од пандемијата на Ковид-19 ќе изнесуваат речиси три отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП), што е околу девет илјади милијарди долари, колку што изнесува целокупниот БДП на Германија и Јапонија заедно.

Треба да знаете
Последни објави