Search

Марин: Рамо до рамо сум со граѓаните на Аеродром,ДУП И10 е донесен од предходната власт

Марин: Рамо до рамо сум со граѓаните на Аеродром,ДУП И10 е донесен од предходната власт

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, по силните критики во јавноста за отпочнувањето на градба на станбен комплекс кај Мајчин дом, излезе на прес конференција и рече дека е на страната на граѓаните и ги поддржува во намерата да протестираат.

Тој рече дека не го сменил мислењето и дека тој не поддржува градба кај Мајчин дом, но како што тврди, и покрај десетиците претставки , Уставен суд сѐ уште не донел решение за ДУП-от и10  кој е предмет на уставна оценка а донесена од предходната општинска власт.

Марин смета дека со неколку негативни коментари на Фејсбук не ја изгубил довербата од жителите на Аеродром што му ја дадоа на последните локални избори.

Треба да знаете
Последни објави