Search

Македонски полициски синдикат со реакција до јавноста

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВО КРУШЕВО ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД ГРОБОТ НА НИКОЛА КАРЕВ И ПРЕД СПОМЕНИЦИТЕ “НА ХЕРОИТЕ НА СЛИВА” И НА   “ МЕЧКИН КАМЕН”

Во чест на големиот државен празник, 2 август, Ден на Републиката делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев,придружуван од Генералниот секретар Киро Трајковски и  Зоран Кузмановски Потпретседател денеска положи свежо цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево како и пред пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на “Мечкин Камен”.

“Прославувајќи го 2-ри август, Денот на Републиката ние од Македонскиот полициски синдикат им упатуваме благодарност на сите херои од нашата историја чии идеали за слобода и независност ги преточија во реалност. Нивниот придонес не обврзува не само да го чествуваме големиот празник, туку да ја продолжиме нивната голема борба за напредна и успешна Република Северна Македонија- истакна Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев

Треба да знаете
Последни објави