Search

Лукашенко вели дека го прележал коронавирусот без симптоми

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека имал коронавирус без симптоми и дека веќе оздравел, наведе новинската агенција БЕЛТА.

„ Денеска се среќавате со човекот кој успеа стоечки да го преживее коронавирусот. Лекарите тоа вчера го заклучија. Асимптоматски“ рекол Лукашенко, за време на посетата на белоруската војска.

65-годишниот лидер не сакаше да воведе рестриктивни мерки или да ги затвори границите за да го сузбие ширењето на коронавирусот.

Претходно ги отфрли стравовите поради пандемијата како „психоза“ и предложи вотка и купка во сауна за борба против вирусот.

До денес се потврдени 67.366 случаи на заразата во Белорусија, каде живеат 9,5 милиони луѓе, додека 543 починаа, објави министерството за здравство.

Фрустрацијата поради одговорот на пандемијата е една од причините за опозициските протести против долгогодишниот претседател во пресрет на претседателските избори на 8 август.

Треба да знаете
Последни објави