Search

Лондон доставил писмени предлози за измена на договорот за брегзит

Велика Британија достави писмено предлози  во кои се вели дека би сакале да биде изменет договорот за Брегзит, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева.

-Добивме документи од Велика Британија и врз основа на нив ќе имаме технички дискусии денеска и утре за одредени аспекти на царините, производите, санитарните и фитосанитарните правила, рече Андеева. Таа додаде дека преговарачите од ЕУ и од Велика Британија за брегзит Мишел Барние и Стивен Беркли, исто така, ќе разговараат за брегзит в петок во Брисел.

Таа рече дека нема официјален рок за Велика Британија да достави формални предлози, но истакна дека секој ден се брои бидејќи се приближува датумот на брегзит, што е на 31 октомври.

ЕК нема строг рок за Велика Британија да достави официјален предлог што треба да го реши ќорсокакот на решението за брегзит, но наведува дека треба да биде претставен пред самитот на ЕУ на 17-18 октомври.

Треба да знаете
Последни објави