Search

Локвенец: Спроведувањето на уставните измени не смееме да го поврзуваме со апсењето на Мијалков

Не смееме да ги поврзуваме притворот на Сашо Мијалков кој е резултат на барање од СЈО и процесот за менување на Уставот, смета пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, кој е убеден дека и натаму ќе има 2/3 мнозинство за спроведување на уставните измени.

„Не станува збор за преговори. Стаува збор за процес во кој ние покажување кооперативност и разговараме со аргументи за сите наметнати прашања од секој пратеник во Сообранието. Сето тоа што е возможно да се реализира, ќе го реализираме. Дали тоа значи зголемување на мнозинството пратеници кои се подготвени да гласаат за промена да Уставот, искрено мислам да“, рече Локвенец.

Пратеникот вели дека состанокот на Kоординативното тело за помирување и интеграција бил одложен поради отсуство на собранискиот спикер Талат Џафери, кои бил надвор од Македонија. Но, ова одложување, според Локвенец, нема да ја успори динамиката на работа која е превидена.

„Јас очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во овој процес на помирување. Искрено се надевам, бидејќи лично ги знам размислувањата на дел од нив. Да почекаме, идната недела дел од работите ќе бидат расчистени“, рече Локвенец.

Треба да знаете
Последни објави