Search

Лишен од слобода кумановец осомничен за убиство во обид

 Кумановската полиција го лиши од слобода 43-годишниот кумановец Љ.М. поради сомнение дека извршил кривично дело „убиство во обид“, соопшти СВР Куманово.

Според полицијата, Љ.М. на 2 септември во 21:45 часот, во стан на улицата „Доне Божинов“ со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите на 40-годишниот кумановец Н.Д., а со чаша го удрил по главата 47-годишниот М.С., по што побегнал.
Љ.М. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
Треба да знаете
Последни објави