Денеска (09.11.2024) во 01.45 часот на локален пат кај место викано „Понов мост Богородица” полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Б.М.(51) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед во патничко возило „форд фокус” со гевгелиски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени четири лица-мигранти од Либан. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг”-Гевгелија.
Лишен од слобода криумчар на мигранти
09/11/2024 11:51