Search

Лисандро Мартинез го комплетираше трансферот во Јунајтед

Лисандро Мартинез го комплетираше својот трансфер од Ајакс во Манчестер Јунајтед, потпишувајќи договор до јуни 2027 година, со опција за продолжување за уште една година, објави клубот.

Аргентинскиот дефанзивец има направено 177 клубски настапи досега.

– Чест ми е да се приклучам на овој голем фудбалски клуб. Работев толку напорно за да стигнам до овој момент и сега кога сум тука, ќе се трудам уште повеќе, рече тој.

Мартинез има освоено бројни почести, вклучувајќи ја и Копа Америка 2021 со својата земја и две титули со Ајакс.

Треба да знаете
Последни објави