Search

ЛиЕн Рајмс почна да пее за да ја надмине пандемската депресија

По речиси 25-годишна музичка кариера во кантри, пејачката ЛиЕн Рајмс пронаоѓа нови начини да го сподели својот глас – преку подкаст и своја прва песна.

38-годишната добитничка на „Греми“ редовно медитира и вели дека сака да ги направи песните подостапни за нејзините фанови за да ја ублажи пандемската меланхолија. Стресот предизвика псоријаза кај Рајмс, и таа во октомври објави фотографија на која се гледа кожното заболување.

„Пеењето навистина ми значи многу, ги користам сопствените вибрации и сопствениот глас за моето заздравување“, рече таа.

Идејата за нова песна, која ќе биде објавена на 20 ноември, ѝ дошла за време на медитација и додека била на сцена.

Треба да знаете
Последни објави