Search

Лавров во Белград пред изборите во Србија, Вучиќ кај Путин после изборите

Во пресрет на парламентарните, покраински и локални избори во Србија, закажани на 21 јуни, во екот на предизборната кампања, во посета на Белград на 18 и 19 јуни доаѓа рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, додека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе патува кај рускиот претседател Владимир Путин во Москва, после изборите на 24 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа на предизборната конвенција на неговата Социјалистичка партија (СПС) и Единствена Србија (ЈС) во Белград, најави дека Сергеј Лавров ќе ја посети Србија на 18 и 19 јуни. Според него посета била планирана на 25 и 26 март, но е одложена поради епидемијата со новиот коронавирус.

Од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко, вчера соопштија, дека рускиот претседател Владимир Путин го поканил Вучиќ на 24 јуни да присуствува на Парадата на победата во Москва, која на 9 мај беше одложена поради епидемијата со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави