Search

Курти: На Косово нема потреба од воведување вонредна состојба

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема потреба од воведување вонредна состојба во земјата. Според првиот човек на косовската влада институциите ги презеле сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Коментирајќи го барањето на косовскиот претседател Хашим Тачи за вонредна состојба, Курти рече дека властите ја одржуваат ситуацијата под контрола и дека е убеден оти нема потреба од тоа. -Имаме социјална и граѓанска дисциплина, поради што денес немаме повеќе од 20 заразени лица во Косово, само еден 77-годишник носи маска со кислород. Двајца од заразените беа пуштени на домашно лекување“, рече Курти.

Треба да знаете
Последни објави