Search

Куомо: Сиромашните граѓани се почесто позитивни на антитела

Жителите на Њујорк од посиромашните заедници беа почесто позитивни на антитела на „Ковид-19“ од просекот, што привлекува внимание на непропорционалното влијание на болеста врз обоените луѓе, рече гувернерот Ендру Куомо.

Куомо на дневниот брифинг рече дека од 8000 лица тестирани во заедници со ниски приходи во градот, 27 проценти имаат антитела на Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, во споредба со 19,9 проценти во општата популација.

„Истражувањето, спроведено во координација со Нортвел хелт и црквите во заедницата, покажа колку вирусот е поприсутен кај црните и латино жителите во посиромашните населби“, рече Куомо.

Како пример, Куомо наведе дека 43% од испитаниците во Морисанија, станбено подрачје со ниски приходи во Бронкс, се позитивни на антитела. Морисанија исто така имала 81 процент повисока стапка на хоспитализација во однос на градскиот просек, рече гувернерот.

Иако помина врвот на епидемијата и бројките се подобруваат, Куомо апелираше до њујорчаните да носат маски во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави