Skip to main content
Македонија

Крилото на Села: Нападите врз Албанците во Куманово се сценарио на „Српски свет”

02/12/2024  13:17

Соопштение на Алијанса за Албанците (крило на Зијадин Села)

За жал, како и во минатото така и сега, Куманова повторно е избрана за арена за опасни сценарија и следен удар врз Албанците.

По последователни настани, изјави започнати во текот на кампањата, владини одлуки, инциденти за време на празникот 28 ноември и сега со палењето на имотот на албанци во Куманово, јавно прашуваме кој стои зад целата оваа кампања и кој си игра со оган? Можеби таканаречениот „српски свет”, заедно со нивните слуги во Северна Македонија, сакаат слична дестабилизација како што се обидоа пред неколку денови во Косово.

Следејќи ги со загриженост состојбите и последните случувања, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не станат плен на вакви провокации и сценарија, а Владата и надлежните институции итно да дејствуваат да ги спречат. Ги повикуваме албанските партии во Владата да стават крај на нивната авантура за која од почеток ги предупредувавме и да не станат марионети на нивните партнери кои отворено ги искажаа своите планови против Албанците, туку да се вратат кај народот заедно да ја запреме оваа опасна кампања.

Алијансата за Албанците ја повикува меѓународната заедница директно да интервенира за да се спречат ваквите настани и оваа кампања која ја загрозува не само земјата, туку и целиот регион.