Search

Кривична за поранешниот телохранител на Мијалков

Поднесена е кривична пријава за убиство во обид за 40-годишниот Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, телохранител на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Стоименов од петокот вечерта е во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква” во Кочани со пиштол пукаше во 33 годишниот Драган Здравев од Кочани познат како Дач.

Oд СВР-Штип информираат дека по Стоименов се трага, а на македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, којшто  беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница. Тоа беше повод и да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот  началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел со доживотни казни затвор тврдеа дека тие се жртви на Стоименов.

Треба да знаете
Последни објави