Search

Кремљ верува дека Париз не го обелоденил разговорот Путин-Макрон

Кремљ верува дека Елисејската палата не им доставила намерно на медиумите снимка од разговор меѓу рускиот и францускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон, бидејќи тоа би значело кршење на дипломатските правила.

Францускиот весник „Монд” објави дека во неодамнешниот телефонски разговор со Макрон, Путин изјавил дека е можно лидерот на опозицијата Алексеј Навални сам да се отрул затоа што и претходно често симулирал болести.

По тој повод, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека „во неодамнешниот разговор меѓу Путин и Макрон се зборувало и за прашањето на пациентот во Берлин” и оти Кремљ го објавил тоа.

– Сепак, весникот не ги пренесе точните зборови. Да бидеме чесни, тоа тешко дека би било точно, затоа што тоа би значело дека нашите француски партнери намерно споделиле со медиумите снимка од разговорот меѓу двајцата претседатели, што не ја потврдува дипломатската практика. Убедени сме дека не било така, рече Песков.

Треба да знаете
Последни објави