Search

Костадинов на „Топ тема“: Има разлика во „бомбите“ на Заев од оние на Милошоски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешното гостување во емисијата „Топ тема“, истакна дека со снимката на опозицискиот пратеник Антонијо Милошоски не се компромитира СДСМ, додека, пак, со „бомбите“ на експремиерот Зоран Заев се разобличило целото режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– Има разлика во прислушуваните разговори, оние на СДСМ и овие на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го пушта Антонијо Милошоски не е целиот разговор, зошто е тоа така? Го повикав Милошоски дека може да ги поднесе материјалите до Јавното обвинителство затоа што тоа е друго, поинакво обвинителство и ако има докази ќе постапи. Оваа снимка не ја компромитира ниту партијата, ниту претседателот Заев. Апсолутно, тоа што го слушнавме, без разлика дали е правена корекција на снимката, со ниту еден збор не е нарушено ништо. Се работи за продолжување на континуитетот на предметите на СЈО, а Вангеловски знаете дека со години чувал предмети во фиока – изјави Костадинов.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за правосудниот систем затоа што 11 години го контролирал преку свои инсталации.

– Имавме 26.000 прислушувани граѓани и тогаш имавме можност да слушнеме сè за правосудството во време на ВМРО-ДПМНЕ, таму слушавме како се нарачуваат процеси, лустрации, притвори и пресуди. Тоа се сериозни повреди на човековите права, тоа се сериозни сомнежи за криминал, од кој ВМРО-ДПМНЕ сè уште се обидува да избега, но јас уверувам дека правда ќе има и секој што погрешил ќе одговора – заклучи Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави