Search

Костадинов: Мицкоски да каже за фирмата на неговиот баџанак

Дебаклот на ТВ дуелот ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со пресови, Мицкоски да каже за фирмата на неговиот баџанак, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

ВМРО ДПМНЕ никако не успеа да ги научи лекциите. Поразот, дебаклот што му се случи на Мицкоски на ТВ дуелот не се покрива ниту затскрива со прес конференција. Мицкоски е чест гостин во Струмица, и јавноста знае дека е близок со својот баџанак, Јанев Јорданчо. Токму баџанакот на Мицкоски има своја фирма во Република Бугарија, отворена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „Дано Транс ЕООД”. Прашањето е кој е личниот интерес на Мицкоски од овие бизниси? Имајќи предвид дека оваа фирма е дел од најблиската фамилија на Хидро Мицкоски. Република Бугарија е членка на Европската унија и интерес на секоја компанија е да излезе на пазарот од 500 милиони, впрочем затоа е важен процесот на интеграција во ЕУ. Ја разбираме нервозата кај Мицкоски но јавноста очекува одговори од него, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави