Search

Конзервативците не се финансираат со руски пари

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон не ја финансираше предизборната кампања со руски пари, изјави денеска министерот за безбедност Брендон Луис.

„Не, финансирањето на Конзервативната партија доаѓа од луѓе кои се регистрирани во Изборната комисија и кои се британски државјани”, изјави Луис за Би-Би-Си на прашањето дали партијата е финансирана од руски пари.

На странските државјани не им е дозволено да донираат во британските политички партии.

Треба да знаете
Последни објави