Search

Кондовски: Против мене се води најцрната кампања во историјата на Битола

Разочаран сум од Коњановски што како доктор аминувал црна кампања против мене, најцрната кампања во историјата на Битола, рече вечерва во дебатна емисија на МТВ посветена на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.

„Јас сум изненаден. Битолчани сметаат дека е ова е најцрната кампања во историјата на Битола. Се сеќавале и на 2013 година, но велат дека ова е најцрната кампања во Битола досега.“-рече Кондовски, покажувајќи монтирани фотографии каде во обид за негова дискредитација се лиферуваат лажни информации за него.

„Еве дури ме вадат со лажен датум на раѓање со некој наводен запис од МВР дека нешто сум направил и во него ставиле дека Христо Кондовски е роден 1988 година. А јас сум роден 1986 година. Црната кампања е со памфлети низ Битола за мене, со мешање на моето семејство, на мојата мајка. Јас сум разочаран од Коњановски како доктор затоа што ја аминувал таа црна кампања и сметам дека тоа е срамно, утре треба ние и нашите семејства да се сретнеме по Широк Сокак, без разлика дали од позиција на градоначалник, директор или бизнисмен. Треба да живееме и да не се гледаме на нишан и да работиме позитивно. Инаку битолчани се сведоци на најцрната кампања од ВМРО ДПМНЕ посебно за лице кое не било инволвирано во политиката и кое до некни другарувало со истите тие луѓе.“-рече Кондовски.

Кондовски забележа и дека неговата професионална ориентација на менаџер се настојува да се прикаже како слабост, а не како предност.

„Ако општината била приватна фирма, тоа било за вас и за вашата фамилија. Сега сте советник или вие или вашиот брат, или сте директори. Јас не знам од каде тоа го етикетирате приватна фирма, јас зборував за ефикасен менаџмент. Имате правен субјект, општина, фирма итн., имате статус, договори за работење и вие треба да ги почитувате и да менаџирате со нив се со цел поефикасно исполнување на услугите на граѓаните. Има развојна компонента општината, ова не е само социјално да вршите услуги. Мојата компаративна предност е јас да дадам еден економски момент со управувањето, со почитувањето на законите. Се чудам како размислувате, има закони за јавни набавки и работење. Како вие предвреме кажувате ова е ваше, ова е наше. Тоа е срамно за граѓаните, од тоа треба да се срамите. Ние треба да ги почитуваме. Тоа е јавен тендер, јавна набавка за одредена работа. Ние овде зборуваме за проекти, вие зборувате кој ќе ги земе тие проекти уште отсега.“-се обрати Кондовски кон противкандидатот Коњановски.

Треба да знаете
Последни објави