Search

Кондовски: Битола ќе се обедини и ќе продолжи со напредокот

Одговарајќи на постојаните обвинувања на опозицијата дека Битола ќе ја направи “Стентонград”, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски во дебатната емисија Студио 10 на Телевизија 24 покажа фотографии на кои се гледаат Христијан Мицковски, Пеце Милевски и сопственикот на фирмата Стентон градба, Благој Крстевски.

„Ќе ви покажам со докази, не со „дали“. Ова е господинот Пеце Милевски, ова е Христијан Мицковски, ова е Благој Крстевски – Стентон. Еве кај се прави Стентон град, ако зборуваме за Стентон град. Еве го и Владимир Талевски со Стентон, еве го пак. Се одрекувате од Пеце Милевски и од Христијан Мицковски? Вие ме обвинувате за Стентон град. Ви се молам, ние не треба тоа да го користиме без никаква подлога. На ниеден не може да биде Благој Стентон, не знам како може ВМРО да има ваков наратив. И како може Благој Стентон на некој да биде? Јас како да оговорам на кој е Благој Стентон? Дали ви личи? Како го поврзувате Стентон со мене? Кажете кој документ не поврзува и дека градот ќе биде Стентон град, дајте документ. Јас мислам обратно ќе биде“, рече Кондовски.

Кондовски во дебатата рече дека во текот на изборната кампања токму негативниот наратив кој доаѓа од ВМРО – ДПМНЕ, најмногу го изненади. Наместо борба на идеи и проекти, тие го претворија изборниот процес во атаци, обвинувања и мои лични дискредитации, рече Кондовски.
„Ме изненади негативната и црната кампања од опозицијата. Значи драстични навреди кон мене од страна на мои довчерашни пријатели, другари, познаници, соработници итн. Но, нема врска, јас ќе продолжам во делот на позитивната кампања, она што го добивам како впечаток од граѓаните, како потреба и желба, ќе го сработиме. Тоа е само потврда дека целата програма е правена од барањата на граѓаните, од нивните проблеми и целата програма е решение на нивните проблеми“, рече Кондовски.

Кондовски рече дека се надева на поголема излезност во вториот изборен круг бидејќи граѓаните се уплашија од можноста повторно на власт да дојде ВМРО ДПМНЕ, со истата матрица како пред деценија и пол.

„ Вие бевте на власт 12 години и ништо не направивте, ја оставивте во долгови општината, очигледно не ви оди со бројки. Мене ми оди со бројки и тврдам, со оглед на финансирањата од националниот буџет и буџетот на општината, сериозно е остварливо се од програмата. Граѓаните ќе изберат дали сакаат да се движат кон идеите, прогресивноста, реализацијата, или ќе вратиме една матрица од пред 16 години која има нов лик, како кандидат за градоначалник. Сосема истата екипа, само постара некоја година“, рече Кондовски на ТВ 24.

Кондовски потврди дека собира потребен материјал и ќе поднесе тужба против Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ за навредите кои ги изрече на негова сметка.

Треба да знаете
Последни објави