Search

Компанијата на Безос сака во април да ги испрати првите патници во вселената

Компанијата „Блу ориџин“, сопственост на милијардерот Џеф Безос, сака во април да ги поведе првите патници на лет со своето вселенско летало „Њу шепард“, објави „Си-ен-би-ес“, пренесува „Ројтерс“.

„Блу ориџин“ го заврши четиринаесеттиот тест лет на ракетата „Њу шепард“ и капсулата без патници и тоа е еден од последните преостанати чекори пред компанијата да го испрати својот прв екипаж во вселената, се вели во извештајот.

Безос е основач на авиокомпанијата „Блу ориџин“, која развива вселенски летала за комерцијално патување до Месечината.

На прашањето на „Ројтерс“ да го коментира извештајот, портпарол на „Блу ориџин“ рече дека тоа се шпекулации – не се потврдени.

Во извештајот на „Си-ен-би-ес“ се наведува дека „Блу ориџин“ планира втор тест лет во рок од шест недели или кон крајот на февруари и прв лет со екипаж шест недели потоа, на почетокот на април.

Треба да знаете
Последни објави