Search

Колона на Богородица: Илјадници македонци ќе го слават 8-ми септември на грчките плажи

Голем број македонски државјани денот на независноста ќе го поминат кај јужниот сосед. Продолжениот викенд по повод осми септември ја зголеми фреквенцијата на граничниот преми Богородица Евзони. Само до 13 часот македонско грчката граница на влез и излез ја поминале околу 11 500 патници. Поголемиот дел од патниците кои во текот на денот поминале преку овој граничен премин биле на излез од Македонија кон Грција. До пладне регистрирани се 8000 патници од кои 5000 биле македонски државјани. Во однос на работните денови регистрирано е зголемување за околу 20%. Од ГП Богородица велат поради празничниот викенд ваквиот бран бил очекуван. Најголемата фреквенција била во утринските часови поради што биле активирани вкупно седум сообраќајни ленти.

,, Во утринските часови поради продолжениот викенд за излез имаше зголемена фреквенција на патници и возила. Функционираа пет сообраќајни ленти за автомобили, една за автобуси и една за камиони, но поради обавувањето на редовните гранични проверки времето на чекање за излез изнесуваше од 15 до 20 минути. Само да нагласиме дека истото се однесува само за македонска страна од границата бидејќи за влез во Грција се чекаше многу повеќе, односно просторот помеѓу двете граници беше споен со возила.,, вели ГОРАН ЈОВАНОВ – КОМАНДИР НА СМЕНА НА ГП БОГОРОДИЦА

За разлика од утринските часови во попладне фреквенцијата е значително намалена и се работи на три сообраќајни ленти. Од ГП Богородица велат дека поголем бран на патници, но не со толкав интензитет како денес е можен и утре претпладне, но не очекуваат некои поголеми гужви. Значително поголема фреквенција е можна во понеделник попладне кога се очекува враќање назад, пред се на македонските државјани.

Треба да знаете
Последни објави