Search

Ковачевски ќе присуствува на настан по повод свечено одбележување на Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица –  „САЕ- ТИГАР”


Ве информираме дека на 13.03.2023 (понеделник) во 11:00 часот во Касарна „Илинден”- Скопје (базата на „САЕ- ТИГАР”), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе положи свежо цвеќе и оддаде почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР”.

Во рамки на настанот по повод свеченото одбележување на Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица- „САЕ- ТИГАР”, во организација на Министерството за внатрешни работи, свое обраќање ќе има и премиерот Ковачевски.

Согласно агендата на организаторите на настанот не се предвидени одговори на новинарски прашања.

Треба да знаете
Последни објави