Search

Кичевчанецот Куштрим Лика е успешно „фудбалско мерило” низ терените на Европа

 Елемент без кој не може да се замислат зелените фудбалски терени е  делењето на фудбалска правда. Кичевчани од секогаш биле малубројни кога е во прашање делењето правда на зелените терен и се уште има малку кои се занимаваат со оваа професија.
Младиот талентиран спортист Куштрим Лика храбро влезе во водите на спортски судија, откако претстана да игра фудбал за екипите на ФК „Зајас” и ФК „Влазерими” од Кичево. Од самиот почеток тој остави одличен впечаток како делител на фудбалската правда , па затоа како талент , стручните лица од ФФМ му дадоа шанса да суди и во повисоки категории на нашиот фудбал  и тука беше мошне успешен па надлежните во ФФМ го предложија во состав и со други судии од земјава се разбира да дели правда на фудбалските терени ширум Европа, но и пошироко.
Таму по успешните настапи, го доби знакот на ФИФА како асистент или линиски судија при делење на правдата на теренот.
Со самото добивање на амблемот на ФИФА Куштрим Лика стана прв кичевчанец, кој се здоби со право да дели правда мошне млад на терните на Европа.
За првите чекори зборува самиот Лика кој вели дека сега веќе по неколку настапи заедно со колегите од нашата земја оставивме добар впечаток и надлежната комисија се по често ни дава доверба да судиме на меѓународни натпревари.
-Морам да признаам дека судењето е мојот сон  и кога играв фудбал ја сакав оваа професија. Ќе продолжам чесно да ја преставувам ФФМ, која ме делегираше таму . Се надевам дека и натаму ќе се занимавам со судење на нашите терени, но и на меѓународната сцена, додава Лика.
Куштрим Лика судеше пред десетина дена заедно со другите колеги од Македонија на средбата Албанија -Велс на „Елбасан арена” во Албанија се разбира како линиски судија и тоа мошне успешно.
Треба да знаете
Последни објави