Search

Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг

Кина одлучи да испрати повеќе од 50 лабораториски техничари во Хонг Конг поради сериозно зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Си-Ен-Ен јави дека во Хонг Конг заразата е потврдена кај уште 125 лица, со што вкупниот број на пациенти во тој град се зголеми на 3.397, додека бројот на починати во последните 24 часа изнесува 33.

Националната здравствена комисија соопшти дека по барање на специјалната автономна власт на Хонг Конг, и по наредба на Владата во Пекинг, испраќа засилување на здравствените работници поради зголемениот интензитет на епидемијата.

Од провинцијата Гуангдонг ќе бидат испратени околу 50 медицински работници, а од Вухан шест експерти кои треба да помогнат во изградба на болница со 500 кревети во Хонг Конг.

Треба да знаете
Последни објави