Search

Киелини: Атлетико има повеќе италијанска, отколку шпанска филозофија на игра

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини, зборуваше пред „Марка” ден пред првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Тој се надева дека овој натпревар нема да е нивниот последен на „Ванда” оваа сезона, откако мисли на финалето на турнирот на 1 јуни, кое ќе се одигра токму на стадионот на Атлетико.

– Јувентус е една обединета група, семејство. Тим кој гони победи и сега сакаме да победиме во Лигата на шампиони – една убава цел, но многу тешка за постигнување. За тоа работиме, но ќдребот не беше воопшто лесен, бидејќи тој не соочи со еден тим, кој е многу сличен на нас – во однос на вредности, идеи и карактеристики. Од европските клубови Атлетико најмногу личи на нас, изјави Киелини.

Тој смета дека нивниот утрешен противник има италијанска филозофија на играње фудбал.

– Атлетико има повеќе италијанска филозофија отколку шпанска. Игра многу затворен и вертикално. Имаат прекрасни резултати и поседуваат одлични играчи кои добро играат со топката. Но не играат како Барселона. Имаат прекрасен тренер, како и играчи како Гризман, кои ја прават разликата. Мислам дека Гризман е најважниот дел од тимот и не само поради головите, рече меѓу другото Киелини.

Треба да знаете
Последни објави