Search

Катимерини: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш не би го потпишал Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на првата средба со премиерот Зоран Заев во Њујорк му кажал дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа, доколку бил на позиција лани, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на грчката новинска агенција.
Но Мицотакис додал дека грчката влада ќе го почитува Договорот, бидејќи е ратификуван од страна на грчкиот парламент и од него произлегуваат обврски според меѓународното право.

Од друга страна пак, Заев го информирал Мицотакис дека „Владата е подготвена за целосно
спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република
Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој
потенцираше дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји“.

Треба да знаете
Последни објави