Search

Карванот на ЕУ денеска на Берово

Евроамбасадорот Самуел Жбогар и шефот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини, денеска ќе го посетат Берово во рамките на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”.

Во средното училиште „Ацо Русковски” ќе се одржи дебата на која амбасадорот Жбогар и младите ќе разговараат и разменуваат мислења за ЕУ.

Во Бизнис инкубаторот во Берово, како што е најавено, Бертолини треба да одржи работилница на која ќе ги претстави ЕУ-фондовите, давајќи насоки како тие подобро да се користат.

Караванот на ЕУ патува низ нашата земја, во рамки на кој се организираат дебати и настани со граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави