Search

Караџоски: Комисијата не спроведува ниту партиски, ниту религиски одлуки

Жарко Караџовски, шефот на Комисијата за заразни болести, во интервју за „Слободна ТВ“ денеска вели дека Државната изборна комисија го добила од нив протоколот за спроведување на предвремените парламентарни избори. Караџоски се најде во фокусот на интересирањето на јавноста, откако бројот на заразени почна драстично да расте, откако непочитувањето на мерките за заштита доби загрижувачки размери и, особено, откако одржувањето на предвремените парламентарни избори беше доведено во директна зависност од одлуките и препораките на Комисијата.

Бројот на заболени секојдневно се зголемува и се отвораат нови кластери. Ви забележуваат дека ги обвинувате граѓаните за тоа?

– Ги обвинувам и граѓаните за непочитување на мерките, но и сите други. За време на првомајските празници ние како стручна комисија издадовме соопштение за мерки на претпазливост, но Главниот кризен штаб и Владата усвоија нешто сосема друго. Потоа бевме непријатно изненадени кога се случи Литијата во Струга, во која имаше целосно непочитување на превентивните мерки за спречување на респираторната инфекција. И за бајрамските празници Комисијата сугерираше да се предложи мерка за спречување на вирусот, со тоа што ќе го ограничиме дружењето со обврзно носење маска, со држење дистанца. Очекувавме дека нема да има тактизирање во донесувањето на одлуките. Но, видовме непочитување на мерките од страна на наши сограѓани од исламска вероисповед во одредени делови од Скопје, но и на ниво на државата.  Тоа доведе до проширување на вирисот меѓу населението, прво во фамилијата, па во најблиското соседство и пошироко. Непријатно сум изненанден, дури и револтиран поради неспроведување  на мерките на домашни свечености. Какво е тоа организирање свадба со стотици гости или организирано јадење мекици по повод новороденче или славење матурски вечери? А од друга страна очекуваме полицијата да биде таа што ќе контролира што се случува во државата.

Дали полицијата контролираше доволно и соодветно?

– Во некои сегменти да, особено на почетокот кога го спречуваше движењето во полициски час. Но, преку ден кога имаше забрана на движење можевме да видиме деца на улица, луѓе кои купуваат непречено во маркетите и слободно се движат, а полицијата стои до нив и не реагира. Свесни сме дека над 85 проценти од граѓаните се однесуваат совесно кон себе и кон другите, но мора да се знае кој ја шири инфекцијата. Тоа се главно младите до 30-40 години кои и несвесно го шират ковид 19 и не занејќи дека се асимптоматични носители на вирусот. Асимптоматските на нозе, како лесна настинка, ја прележуваат инфекцијата, некогаш и не знаејќи дека се носители.

Зошто значителен број сограѓани сепак не ги почитуваат мерките за заштита?

– Дваесет проценти од нив воопшто не веруваат дека има ковид вирус. За тоа придонесуваат и некоректните изјави дека вирус не постои и дека е тоа политичка измислица за да и наштети на економијата, или дека некој што е моментно на власт се обидува да добие политички поени. Апсолутно се спротивставувам на сите овие мислења. Комисијата не  е партиско тело, и не спроведува ниту партиски, ниту религиски одлуки.

 

Треба да знаете
Последни објави