Search

Каракамишева: Венецијанската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и со премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото, тврди професорката Татјана Каракамишева.

,,Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.

https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/2166414953442396

Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!

Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти”, напиша Каракамишева на Фесбук.

Треба да знаете
Последни објави