Search

Како последица од Ковид-19 почина ортопедскиот хирург Драган Спасески

По кратко боледување како последица на коронавирусот, вчера во шеесеттата година од животот, почина докторот специјалист, ортопедски хирург Драган Спасески.

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид преку писмено соопштение изрази големо жалење поради загубата на својот долгогодишен доктор, истакнатиот македонски ортопед, поет и ликовен уметник, доктор Спасески.

Доктор Драган Спасески е роден на 22 јуни 1960 година во Охрид. Завршил Медицински факултет во Скопје.

„Колегите и пациентите ќе го паметат како исклучителен професионалец, вреден и посветен лекар, кој зрачеше со алтруизам. Самопожртвувано, низ секојдневна клиничка пракса им помагаше на пациентите, а со својот позитивен лик, енергичност и сестраност секогаш беше тука и за колегите, за професионална дискусија, личен разговор, совет и поддршка. Ќе биде запаметен и по неговиот општествен, хуманитарен ангажман како и по неговата пасија за уметноста, особено сликарството и поезијата“, се истакнува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави