Search

Италија сака да го освои ЕП 2020

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, јасно стави до знаење дека тимот има за цел да го освои Европското првенство во 2020 година.

Италијанците досега забележаа шест победи на шест натпревари и убедливо се на првото место во групата „Ј”.

– Кога застанав на чело на репрезентацијата, не знаев што ќе се случи за 15 месеци. Беше многу важно да се направи победнички стил брзо и да се запознаат играчите. Против Грција, нема да биде лесно. Тие го сменија тренерот и користеа многу играчи. Ќе видиме како тие ќе играат, но за нас тактиката нема да се промени. Нашиот стил е јасен, ќе играме за да победиме. За нас останува главната цел да го освоиме Европското првенство, кое Италија го освои пред повеќе од 50 години, изјави Роберто Манчини за „Фудбал Италија”.

Треба да знаете
Последни објави