Search

Италијански лекар на одмор во Шпанија позитивен на коронавирус

Италијански лекар кој заминал на одмор на Канарските острови е позитивен на коронавирусот, соопштија здравствените власти од овој дел на Шпанија.

Тој во моментов е во изолација и резултатите од неговиот тест ќе бидат испратени во Мадрид на втора анализа како што се постапува според шпанските регулативи во случај на сомнеж за коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Тој е третото лице во Шпанија што е позитивно на вирусот, по еден Британец во Мајорка и еден Германец на Канарските острови.

Треба да знаете
Последни објави