Search

Иран им забрани на Кинезите влез во земјата поради коронавирусот

Иран го забрани влезот во земјата за кинеските државјани во екот на ширењето на новиот коронавирус во Исламската Република, каде до сега умреа 26 лица, соопшти денеска иранската агенција Ирна.

Американските медиуми наведуваат дека поради епидемијата на коронавирусот се откажани сите утрешни молитви во Техеран.

Во Иран, земја која го бележи најголемиот број смртни случаи од последиците на новиот коронавирус надвор од Кина, регистрираше 245 заразени лица, пренесоа  британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави