Search

Инфраструктура на Скопје се уште не е подготвена за велосипедска револуција

Дали може оваа недела да оставиме барем на момент кола и да одиме пеш или со точак? – е прашање кое деновиве гласно беше поставено од подржувачите на „Европската недела на мобилност“ . Во Скопје се глетката на луѓе кои наместо автомобил за превозно средство го одбрале велосипедот стана секојдневна глетка. Ги прашавме граѓаните дали освен рекреативно , со велосипед возат и до работа .

Битката за зголемување на свеста кај луѓето повеќе да внимааваат на животната средина и здравите навики е присутна е и во европските метрополи. Нашиот соговорник Јаник, вели дека во Германија како земја која призведува автомобили, се зголемува трендот секој да вози автомобил наместо да користи метро , трмавај, автобус.

Веќе неколку години велоспидетски патеки се градат на скоро секој булевар и улица. Се градеа рути се санираа патишта. Сепак , инфраструктура на главниот град се уште не е подготвена за велосипедска револуција. Оние кој сакаат да ги оставаат своите коли во гаражите уште можат да наидат на пречки во сообраќајот.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас” . Македонија 18 години е учесник на оваа иницијатива која постои 21 година. Во повеќе македонски градови беа организирани велотрки и велопикници.

Извор: Телма.мк

Треба да знаете
Последни објави