Search

Инфо-деновите за ИПАРД-програмата продолжуваат во Прилеп, Тетово, Кичево и во Скопј

По посетата на Ранковце, Свети Николе и Струмица, ИПАРД инфо-карванот продолжува во Прилеп, Тетово, Кичево и во Скопје.

Средбата со заинтересираните граѓани во Прилеп ќе се одржи во салата на Општината, утре, со почеток во 11 часот.

Наредниот ден, 16 јануари, на листата е Тетово, каде што средбата ќе почне во 10 часот во големата сала на Општината, како и во Кичево, каде што средбата ќе се одржи во 14 часот во Домот на културата „Кочо Рацин.“

Информативните денови во главниот град ќе се одржат на 17 јануари, и тоа на две локации, Општина Карпош, со почеток во 10 часот и Општина Аеродром, со почеток во 14 часот.

Кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020, од страна на Секторот за управување со ИПАРД-фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржува со цел заинтерисираните граѓани и правни субјекти да може да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од ИПАРД-програмата.

На инфо-деновите ќе биде претставена мерката 3 од ИПАРД-програмата 2014-2020, која овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи.

Корисници на мерката може да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали и средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житни култури, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица што произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Информациите за деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги видат на веб-страниците на телото за управување со ИПАРД-фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk или да се јават во секторот ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Треба да знаете
Последни објави