Search

Интер среде Рим ја декласира Рома на Мурињо

Актуелниот италијански фудбалски шампион Интер ја продолжи победничката серија во Серија А откако вечерва ја декласира Рома (3:0) на Жозе Муриње среде Рим и му се приближи на лидерот Милан на само еден бод по 16. одиграни кола сезонава во калчолигашката конкуренција.

Хакан Чалханоглу со директен удар од корнер кој заврши во мрежата на „римската волчица“  го најави триумфот на Интер. Един Џеко ја погоди мрежата на својот поранешен клуб за водство од 2-0, а голем удар за тимот од Рим беше голот на Дензел Думфрис во 39. минута со што Интер замина на пауза со убедливи 3-0 кои ги сочува до крајот на натпреаврот.

Милан е лидер со 38 бода, по што следи Интер со 37. Пред вечерашната пресметка меѓусебе во Неапол, Наполи има 36, а Аталанта како четвртопласирана е со 31 бод.

Треба да знаете
Последни објави