Skip to main content
Скопје

Интензивно се поставува фекална канализација во Кадино

22/11/2024  14:22

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден.

На овој дел од фекална канализација која во моментов се гради предвидено е да се приклучат приближно 100 домаќинства, додека останатите ќе бидат опфатени во наредниот период со изградбата на останатите фази од овој проект, со што населеното место Кадино ќе биде целосно покриено со систем на фекална канализација.