Search

Индија потврди најголем дневен пораст на новозаразени со Ковид-19

Индија денеска регистрира најголем дневен пораст на заразени случаи со коронавирус, влегувајќи во 40-от ден од блокадата на земјата.

Нови случаи во последните 24 часа се 2.600, а вкупниот број во земјата изнесува околу 40.000. Бројот на починати достигна 1.301, вклучувајќи ги и 83 смртни случаи во последното деноноќие, соопштија локалните здравствени власти.

Шестнеделното затворање на државата, кое требаше да заврши минатиот понеделник, е продолжено за уште две седмици, со неколку ублажувања на рестриктивните мерки.

Карантинот го забави ширењето на вирусот, но забележани се огромни економски трошоци.

Треба да знаете
Последни објави