Skip to main content
Свет

Израел ги извести ОН дека договорот за признавање на УНРВА од 1967 година е неважечки

04/11/2024  07:39

Израел ги информираше Обединетите нации дека Договорот од 1967 година за признавање на Агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци (UNRWA) е неважечки, објавија британските медиуми.

Израелскиот парламент (Кнесет)  пред седум дена одобри закон со кој се забранува работата на агенцијата на ОН во Израел поради обвинувањата дека има блиски врски со членовите на Хамас и дека некои од 13,000 вработени на УНРВА во Газа учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година војната.

Обединетите нации го повикаа Израел да ја повлече одлуката, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека нема алтернатива за УНРВА и дека, доколку Израел почне да спроведува нови закони за прекин на врските со агенцијата, според меѓународното право ќе мора да ги задоволи потребите на бегалците.