Search

Издавачи од САД ја повикаа Кина да не протерува новинари

Издавачи на три влијателни американски весници побараа денеска од Кина да ја повлече одлуката за протерување на дописници во екот на пандемијата на новиот коронавирус.
Во отворено писмо на издавачите на „Њујорк тајмс”, „Вашингтон пост” и „Волстрит џурнал” се наведува дека со протерувањето се загрозува пристапот до информации во момент кога тие се најпотребни.
– Овој чекор, кој е направен како одмазда за протерувањата од САД, е потег поради кој би протестирале под кои било околности, наведуваат издавачите, укажувајќи дека тое е „штетно во момент кога светот ја продолжува борбата против оваа болест, борба која бара слободен проток на веродостојни вести и информации”.
Кина минатата недела соопшти дека повеќето Американци кои работат за овие три медиуми, ќе мораат за 10 дена да ги предадат новинарските легитимации. Таквиот потег следува по одлуката на американската администрација да го ограничи бројот на визи за дописници на кинеските државни медиуми.
Во писмото на американските издавачи се оценува дека „медиумите се колатерална штета на дипломатскиот спор меѓу владите на Кина и на САД”, поради што светот би можел „да остане без критичка информација во ваков опасен момент”.
Епидемијата на коронавирусот изби во декември 2019 година во Кина, а потоа се прошири низ целиот свет.
Треба да знаете
Последни објави