
Четиригодишниот Хадис е изгубен во скопската населба Ченто, а родителите на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните момчето да биде пронајдено.
Според објавите на мрежите, детето е последен пат видено во близина на слаткарницата „Делиција“ во населбата Ченто.
Облечен е во зелени алишта и носи црвени патики.
Родителите ги повикуваат сите кои го виделе Хадис или имаат каква било информација, да се јават на телефонскиот број 078 912 545.