Search

Изгоре куќа во Шлегово

Куќа изгоре во пожар во кратовското село Шлегово. Како што информира МВР, во 00,40 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека во село Шлегово избувнал пожар во куќа сопственост на И.Х.(75) од Кратово, при што опожарена била кровната конструкција и горниот кат од куќата.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кратово, а И.Х се здобил со опекотина во пределот на десната потколеница и му била укажана лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави