Search

Извештаите за воздушни напади врз болниците во Идлиб се лажни

Комисијата што ги истражува наводните воздушни напади во сириски Идлиб мора да ги земе предвид и доказите што ги приложи Русија за вистинската состојба во хуманитарните објекти, изјави во интервју за ТАСС постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

„Комисијата, пред сè, треба  да открие како ОН учествуваат во механизмот за решавање на конфликтот. Се покажа дека многу од извештаите што се наоѓаат зад обвиненијата против Русија и Сирија се лажни“, рече тој по одлуката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да формира комисија за испитување на сомнителните воздушни напади врз цивилните инфраструктури во Идлиб.

Небензја посочи дека Москва често добива неточни информации од ОН за наводно погодените објекти. На крај се утврди дека сите овие објекти се безбедни.

„Сега редовно добиваме вакви информации и ќе најдеме начин да им ги овозможиме истите и на ОН и на организациите со кои директно соработуваме во рамките на механизмот за решавање на конфликтот. Тие нека ги приложат доказите до истражната комисија, која секако ќе мора да ги земе предвид во своите заклучоци“, рече тој.

Десетте држави членки на Советот за безбедност на ОН побараа од генералниот секретар да почне истрага. Комисијата се почне со работа на 30 септември.

Треба да знаете
Последни објави